Зеленчукот со портокалова боја, позитивно делува на плодноста кај мажите

portokalova boja

Морковите, односно овошјето и зеленчукот со портокалова боја се одлични за машката плодност, покажаа најновите резултати.

Веќе долго се зборува за тоа дека морковот е добар за видот, а сега се покажало и дека има благотворно дејство и на плодноста на мажите. Се смета дека тајната е во хемикалиите кои се наоѓаат во морковот, каротеноидите, кои му ја даваат специфичната портокалова боја.

Испитувајќи го влијанието на овошјето и зеленчукот врз квалитетот на спермата, научниците утврдиле дека консумирањето морков дало најдобри резултати, бидејќи ја подобрува подвижноста на сперматозоидите, односно нивната можност да се пробијат до јајце-клетката.
Ова истражување е спроведено на Харвард и опфатило 200 млади мажи кои биле ставени на посебен режим на исхрана базиран на различно овошје и зеленчук. После тоа, научниците ги испитале примероците од нивната сперма.
Резултатите покажале дека жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, ја зајакнуваат спермата, а причината за тоа е присутноста на каротеноидите.
Слаткиот компир и лубеницата исто така поволно влијаат на квалитетот на семената течност, но морковот, која го подобрува квалитетот за 6,5 – 7 % е дефинитивно на прво место на намирниците кои ја подбруваат плодноста.

Advertisement