Заштитете се од срцев инфаркт со помош на витаминот Д

vitamin-DОвој витамин е познат по неговото ефикасно дејство за зацврстување на коските, меѓутоа тоа не е му единствениот адут. Една студија, објавена во списанието Циркулација откри дека недостатокот од витамин Д  ја зголемува веројатноста од појава на срцев инфаркт и мозочен удар дури за 80 отсто. Витаминот Д, доколку се внесува во пропишаните количини, го намалува воспалението на артериите.

Речиси половина од луѓето имаат недостаток од витаминот Д, покажува една студија, спроведена од Универзитетот Ворвик. Организмот создава витамин Д, при навлегување на ултравиолетовите Б зраци на сонцето во кожата. И се оди “како подмачкано“ кога може да се ужива на сонце, секако во корист на здравјето, меѓутоа за жал, сите резерви на витаминот Д кои се стекнале за време на сончевите месеци, неверојатно брзо се исцрпуваат кога ќе дојде зимата. Потребно е да е фокусирате на внесување на витаминот Д преку храната, меѓутоа речиси 90 отсто од нас не ја внесуваат ни препорачаната дневна доза, која изнесува пет микрограми на ден.

Податоците добиени од Истражувачкиот Центар за Сончева Светлина, Исхрана и Здравје во Калифорнија покажа дека 17 видови на рак се директно поврзани со недоволниот внес на витаминот Д, кои во Велика Британија би можеле да се намалат дури за 19 отсто, доколку сите би ја внесувале препорачаната дневна доза од 25 mcg суплемент на витаминот Д.

Витаминот Д најмногу е застапен во месото од риба, рибиното масло и жолчката од јајцето. Но, има и некои продукти во кои производителите по вештачки пат додаваат витамин Д. Такви продукти се: корнфлексите, кравјото млеко, сирењето и маргаринот.

Advertisement