Со цитрусен коктел, прочистете го вашиот дигестивен систем

citrusni ovo[jaЦитрусните овошја најмногу придонесуваат за јакнењето на здравјето и имунитетот на организмот. Мандарините се многу слични со портокалот. Во 100гр мандарина има 30мг витамин Ц. Тропското овошје е посебно познато со присуството на витамините и нивниот освежувачки ефект. Мандарините содржат витамин Б комплекс, калциум, калиум, цинк и магнезиум. Калиумот е посебно важен за работењето на срцето. Мандарините припаѓаат во класата на агрумите.

100гр. мандарини содржат само 34 калории.

Етеричното мандариново масло има посебно антисептичко и тонизирачко дејство. Мандарините се фантастичен избор за оброк, посебно во летниот период или во период кога сакаме да го прочистиме организмот од брзата храна која за жал во последно време е многу чест избор, како резултат на брзиот начин на живеење. Кората од мандарината е особено важна за производство на купки за опуштање, против  несоница и релаксирање.

Доколку посакате да го прочистите вашиот дигестивен систем бидејќи, секојдневно сте изложени на стрес и на брза храна, ви препорачуваме секое утро да внесувате цитрусен сок, од цитрусни овошја.

Предлог: Цитрусен коктел

– 2 портокали

– 2 маднарини

– ½ лимон

– Свеж ментол

Портокалот, мандарините и лимонот заедно со свежиот ментол исчистете ги од кората и исцедете ги во соковник. Внимавајте! Пијалакот за деца и постари лица мора да биде разреден со вода.

Advertisement