Со лук и лимон против висок притисок

beli_lukЛукот го регулира високиот крвен притисок, работата на срцето ја нормализира, ја намалува склоноста кон тромбоза и го намалува нивото на штетниот холестерол.

За да направите напивка, која може да ви помогне да го намалите крвниот притисок потребни ви се 36 исечкани чешниња лук и 3 исечени лимони од средна големина. Тие се ставаат во литар вода, се варат, но треба да се внимава, водата да не зоврие.

Оставете ја напивката да отстои 12 часа, па потоа процедете ја. Секое утро во текот на 40 дена на гладно се пие од 20 до 40 мл. од напивката.

коментари

Scroll To Top