Ставањето масла на лицето не се чини како логично решение, особено ако имате масна кожа. Но, во нив можете да пронајдете вистински спас. Дури и ако не водите борба со масно лице, веројатно стравувате дека ставањето масло ќе резултира со тоа што лицето ќе ви стане масно.  

Етеричните и растителните масла, односно природните масла, дури и кај масната кожа имаат сосема спротивен ефект – тие се решение за какви било проблеми со кожата, како и за одржување на добриот изглед на вашето лице.

Зошто да користите масло за лице?

  • Ја чистат кожата
  • Сувата кожа ја хидрираат
  • Ја балансираат масната кожа
  • Ја ,,пеглаат” кожата
  • Влијаат врз акните
  • И даваат сјај во текот на летото
  • Во текот на зима ја контролираат сувата кожа

Како се користи маслото за лице?

Етеричните и природните масла  на вашата кожа ќе влијаат само ако ги употребувате правилно и ако ги користите тие што влијаат на вашата кожа.Важно е да ги нанесете на чиста кожа, пред да го намачкате лицето со вашиот крем. Како и кај другите препарати, маслото не треба да го триете во кожата на лицето, туку неколку капки ставете на прстите, втријте ги на рацете, а потоа лесно тапкајте со прстите на лицето. Оставете кожата да го впие целото масло за резултатот да биде подобар.

Кое масло да го користите, за кои типови кожа?

Најдобро е да го користите маслото од лаванда, од ружа, камилица, рузмарин, чемпрес и од здравец. За акни најдобро е маслото од лаванда, како и маслото од камилица и од роза, но може да се користи масло од чајавец, како и масло од кора од грејпфрут. Освен овие, маслото од босилек и од мајчина душица, исто така, ќе биде ефикасно за борба проти акните. Митесерите ќе исчезнат ако користите масло од коријандер, пеперминт и масло од кора од лимон.

За чистење на кожата користете масло од босилек, масло од лимон и масло од лимонова кора,како и масло од пеперминт. За хидратација на лицето можете да употребувате масло од сладок портокал, мандарини и рози,но и речиси сите цветни водички.

Advertisement