Што прави телото додека спиеме?

polozbata-na-spienje-go-otkriva-karakterot

Многумина веруваат дека сонот е губење на време. Научниците го велат  токму спротивното, дека сонот е најважен за да бидеме здрави.  Сонот има  четири фази – секој циклус трае 90 минути, што значи дека сонот минува низ 5 ротации .

Фаза 1

Најраната фаза на спиење  може да се опише како нешто помеѓу будност и дремка. Лесно се будиме од сонот и ако тоа се случи, ќе имаме чувство дека не сме спиеле.

Фаза 2

Овој сон не е длабок , но ја троши половината од ноќта.  Кога сме во втората фаза на спиење,  на телото му се случува пад на температурата, мозочните бранови се бавни, а притисок и срцевото биење се  забавени. Ова значи дека голем дел од ноќта, срцето и васкуларниот систем се одмараат, со што се потврдува важноста на спиење за здравјето на срцето.

Фаза 3

Тоа е најдлабокота фаза на спиење. Мозочните бранови се премногу бавни, притисокот е многу помал, дишењето забавува, мускулните ткива може да се регенерираат. Хормоните, особено оние кои го контролираат растот, се излачува. Во оваа фаза на спиењето е активни и парасомнијата – sleepwalking. По некои испитувања, кој најдобро ќе се наспие во третата фаза,  следниот ден ќе се чувствува одморен и полн со енергија.

РЕМ фаза

Во  фазата на РЕМ веќе  имаме живи соништа. Научниците оваа фаза често ја  нарекуваат “парадоксално спиење” бидејќи  телото, иако е  во сон,  мозокот му  работи како кога е буден. РЕМ фаза (Rapid Eye Movement – брзо движење на очите)  е фаза кога очите се движат лево десно , а дишењето и отчукувањето на срцето се забрзани.

Advertisement