Што може да излечи алуминиумската фолија?

алуминиумска фолија

Се покажа дека обичната алуминиумска фолија не е погодна само за подготовка на храна и завиткување на истата, туку и за лекување на болести… Ако ве мачат болки во вратот, грбот, рамениците, колената, или имате болка во петата која не ви дозволува да застанете на неа, можете на болното место да ставите фолија. На ваше изненадување и среќа, по одредено време, болката исчезнува. Поентата е во тоа што биотековите кои поминуваат низ нашиот организам во биолошката активна точка, се одразуваат и се враќаат назад на меридијанот, од каде излегуваат. Тоа многу благотворно делува на заболениот орган, со кој овој меридијан е поврзан. На овој начин лесно се отстрануваат проблемите, болките кои прилично ви досадиле.

Овој интересен начин на лекување одамна се практикува од страна на кинеските и руски исцелители, а опишан е и во делата на психотерапевтот Вилхелм Рајх, ученик на Фројд. Како лекува алуминиумската фолија?

Се зема обична алуминиумска фолија и се става на болното место и се прицврстува (на пример со фластер). Лекувањето со алуминиумска фолија се применува кај сите видови на болки, болки во грбот, рацете, нозете, зглобовите, ишијас, ревматодоиден артритис, шилец во пета, наслги на сол. На истиот начин се лекуваат и постоперативните лузни на местото на хируршкиот рез. Се постигнуваат и добри резултати при лекување на гихт.

Кинеската терапија за лекување со фолија се препорачува во текот на 10-12 дена. Секој ден треба да прицврстите парче фолија на болното место и да го држите цел ден или цела ноќ. Потоа направете пауза од 1-2 недели и по потреба повторувајте го третманот. Фолијата поседува моќен анти-инфламаторен ефект. Со нејзина помош можете успешно да лекувате и настинка. За тоа е потребно да ги замотате стапалата во 5-7 слоеви, а меѓу секој слој да ставите хартија или памучна ткаенина. Држете ја таа облога околу еден час, потоа отстранете ја и повторете ја постапката за два часа. Повторно направете пауза и ставете ја трет пат. Време на лекување – една недела.

Advertisement