Семки од тиква го подобруваат расположението

tikva-semki-0301

Освен прекрасниот вкус, семките од тиква се и многу корисни. Богат извор на влакна и протеини, материи, клучни за губиток на килограми. Само 30гр. семки од тиква има 5гр. протеини, што ќе ве држи сити. Сепак, бидете умерени, шолја семки содржи околу 285 калории. Одлични се за физичкото, но и психичкото здравје. Научниците заклучиле дека го намалуваат нивото на стрес и анксиозност. Едно истражување дури заклучило дека ја зголемуваат сексуалната желба.

Ако барате природен начин да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопаузата, семките од тиква се одличен избор. Ги регулираат топлотните напади, главоболките, болките во зглобовите и наглите промени на расположението.

Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.

Печените семки од тиква имаат енергетска вредност од 570 kcal за 100 g, имаат висока содржина на одредени минерали и витамини, а исто така, имаат и висока содржина на растителни влакна.

Од минералите, во најголема количина присутни се манган, фосфор, магнезиум, бакар, но исто така, овие семки имаат висока содржина и на цинк, железо и на калиум. Од витамините, во семките од тиква најприсутен е нијацинот.

Семките од тиква, поради нивното противвоспалително дејство, ги ублажуваат симптомите од артритис. Ако страдате од артритис, секој ден јадете околу 30гр. семки од тиква.

Advertisement