Салепот, познат афродизијак

.салеп
Салепот е повеќегодишно, украсно, медоносно , тревесто растение што формира кртоли. Тие се со јајцевидно-овална , сверична или вретеновидна форма. Стеблата се прави, цилиндрични и без разграноци. Цвета и раѓа плод во мај-јуни. Се размножува со семе и вегетативно. Во медицината се користи подземниот дел односно кртолата.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

Салепот преставува многу добар лек за искашлување, за сува кашлица, делува противвоспалително и е фантастичен лек за пролив кај мали деца, бидејќи има кулоидна структура. Од тие причини се користи за болестите на дишните патишта. Се користи и кај стомачни заболувања и тоа чир на желудникот и гастрит. Тој помага и при колитис и и при хроничен катар, односно воспаление на тенкото црево. Во токсигологијата се употребува како противотров при труење со тешки метали. Надворешно тој се користи во форма на облози за лекување на чир на кожата и за третирање на рани. Античките Грци како и арапската медицина му давале големо значење како афродизијак за јакнење на машкоста и затоа имал многу висока цена. Се верува дека тој подмладува, а во народната медицина постои верување дека салепот е лек за машките деца.

ДОЗИРАЊЕ

Нема ограничување околу примената, тој не е отровен и е максимално безбеден.

Како да го употребувате:

Салепот се пие на гладно, се припрема како чај. Една кафеава лажица прашок од салеп се става во чаша вода и врие 15 мин со постојано мешање се додека не се згусти. Се зема 4 пати по една чаша со мед и цимет за лекување на градни болести и стомачни заболувања.

Advertisement