РЕЦЕПТ: Лек од костен за вени

По првата болна појава на симптом на вени, хемороид или слаба циркулација, веднаш треба да се започне да се лекува и третира со некој препарат кој е базиран врз основа на див костен.

Иако е многу лековит, дивиот костен бавно дејствува, па со превентивата и лекувањето на тегобите треба да почнете што порано.

Покрај разните козметички препрати кои содржат костен, можете да приготвите и специјален мелем од овој лековит плод.

МЕЛЕМ

За мелем од костен потребни ви се 12-15 зрели плодови див костен (свежо набрани) и 2,5 дл коњак.

Костенот ситно изрендете го заедно со кората, ставете го во тегла и прелијте го со коњак. Оставете го да отстои 6-8 недели.

Неколку капки додадете во вода и пијте го напитокот за циркулација, проширени вени, хемороиди…

Advertisement