Решете го проблемот со инфекција на бешиката и мокрачните патишта

vospalenie na besikata

Многумина се мачат со камен во бубрегот или со болка на бешиката. Постојат неколку доста ефикасни, природни методи на лечење. Не треба да да дозволите болката да ве измачува, па затоа ќе ви прдложиме едноставни рецепти, кои ќе ви ги скратат маките:

Рецепти:

Лук во вода

Се што ви е потребно е два децилитра топла вода и 5-6 чешниња лук. Лукот иситнете го и прелијте го со топла вода и оставете да отстои десет минути. После тоа процедете ја течноста , додадете мед по желба и пијте двапати дневно, два дена. И ќе ги видите резултатите.

Банана и магданос

Магданосот е познат диуретик. Се што ви е потребно е да измиксирате магданос ( една китка) со неколку банани и се додава малку вода, шејкот да биде потечен. Се пие наутро пред доручок. Овој шејк, освен што помага кај воспаление на бешиката, ја враќа енергијата во телото и го јакне имунитетот, што е голем сојузник против воспалението.

Advertisement