Разликата меѓу црните и зелените маслинки

maslinka

Секој си има свој вкус, некои ја обожаваат зелената, некои пак црната маслинка. Но, сега ќе ги согледаме нутриционистичките разлики помеѓу зелената и црната маслинка и нивните основни маслинови калории. Единствената причина поради што маслинките доаѓаат во толку многу различни колор варијанти во супермаркетите е различното време на берењето на и нивниот начин на преработка.

Сите маслинки на својот почеток се зелени, како и секое друго овошје на светот и тие постепено созреваат, па скапуваат со што им се менува нивната боја и конзистенција. Значи, зелените маслинки се рано набарени маслинки, а црните  се оставени да созреат, па се набрани. Има и средишни варијанти во палетата како темно и светло розови, кафени итн.

Затоа зелените маслинки секогаш имаат поцврста конзистенција, тие се потврди и повеќе нагорчуваат од црните кои се посочни, помеки и го немаат тој горчлив вкус бидејќи во текот на созревањето тој природно исчезнува.

Од друга пак страна да видиме нешто повеќе за нивните нутри разлики или пак сличности. Нутриционистичката шминка на двата вида е скоро идентична. Тие се пребогати со здрави моно и поли-незаситени масти кои исто така им даваат голем дел од калориската вредност. Имаат малку протеини, јагленохидрати и диетални влакна, но немаатхолестерол и транс масти.
И витамините и минералите се застапени во мали количини и тоа најмногу присутни се витамините А и D.
Онаму каде што се разликуваат во нутриционистичките вредности е количината на солта. Бидејќи и двата вида се преработуваат и конзервираат во маринада тие содржат значителни концентрации на сол, но сепак зелените маслинки се тие кои содржат два пати поголеми количини на сол од црните.

Затоа не бидете расистички настроени кон било која од овие Медитеранско кулинарски есенции и вклучете ги во вашето дневно мени бидејќи и двата вида се подеднакво здрави, но секогаш со усул во консумирањето поради солениот проблем.

 

 

 

 

 

Advertisement