Природни лекови против болно грло и кашлица

bolno grlo10Ако ви се суши устата и чувствувате гребење во грлото, најверојатно се работи за инфекција на горните дишни патишта и наскоро можете да очекувате и кашлица.

Најдобар начин да ја ублажите е инхалација. Ако почнете навреме да се инхалирате, значително ќе го намалите времетраењето на болеста. Во почетниот стадиум на настинката најважно е да ја навлажните сувата и воспалена слузокожа на грлото и синусите. Во текот на денот можете да се инхалирате од седум до десет пати, дури и со етерични масла. Важно е после тоа да не излегувате надвор барем еден час. Не смеете да заборавите дека кашлицата сама по себе не е болест, туку придружник на настинката, па дури и на грипот.

Затоа мора веднаш, штом ги почувствувате првите симптоми, да почнете со лечење. Пред се, јадете повеќе рен, кромид и лук, ако не ви пречи, бидејќи природните фитанциди од тие продукти помагаат да се спречи болеста. Антибиотиците се бескорисни, па дури и штетни ако кашлате, особено за децата. Тие ја сузбиваат имунолошката реакција на организмот и не влијаат на вирусите. Најголема корист болниот ќе има од плакнење на грлото со чаеви од лековити тревки, пред се од жалфија, босилек и од камилица.

Сирупот за кашлица можете да го направите сами: прелијте една супена лажица листови од жалфија (или некоја друга билка) со чаша врела вода, оставете го да отстои 15 до 20 минути, исцедете го и плакнете го грлото со него четири до пет пати дневно.

Корисна може да биде чаша вода на собна температура во која ќе додадете три лажички јаболков оцет и две лажички мед. Со тој раствор плакнете го грлото трипати на ден. Секогаш подготвувајте свеж раствор.

Ако кашлицата е многу силна, добро е да пиете сок од ротквица, бидејќи ги смирува воспалената слузокожа и кашлицата. Една чаша сок од ротквица измешајте го со две лажици мед и земајте по една супена лажица три до четири пати на ден. Додека кашлицата е сува, се препорачуваат сирупи против сува кашлица кои се купуваат во аптека. Ги има многу и меѓу нив нема голема разлика. Само внимавајте да не ги измешате со препаратите за искашлување бидејќи тие се земаат дури по три до четири дена откако се појавил секрет. Доколку кашлицата не помине ни по две седмици, тоа значи дека преминала во хронична. 

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ