Природен рецепт: Мед и кромид за искашлување

Состојки

– 1 глава кромид
– 2 лажици мед

Припрема:

Изберете убава и здрава главица кромид, средна величина. Исечете го само делот од коренот.

Кромидот исечето уздуш и попреко, ама не скроз до дното.Така исечената глава кромид ставете ја во еден сад и залијте ја со две лажици мед.

Покријте го садот со фолија и оставете на собна температура неколку часа. После тоа смесата процедете ја. Тоа е доза за еден ден.

Јадете по една лажичка од сирупот на секои два часа. После кратко користење на овој лек ќе почнете полесно да дишете и набрзо ќе почнете да искашлувате.

Advertisement