Природен мелем за главоболка

melem za glavobolka
Секојдневна болка на денешницата е главоболката. Таа е со нас секој ден и од таа причина сакаме да ви напишаме како се прави природен лек за неа, па од искуства со користењето  на овој лек на луѓе, ќе го намалите и користењето на  апчиња против главоболка.

Мелем против главоболка

Состојки: етерично улје од пеперминт, еукалиптус, лаванда, улје од шеа семенки, улје од семенки од грозје и восок. Се ставаат 15-20 капки улје од пеперминт, 10 капки улје од лаванда, 2-3 капки улје од еукалиптус, 1/4 шолја улје шеа семенки, една лажица улје семенки од грозје, 2 лажици пчелин восок. На пареа се топи улјето од шеа семенки, улјето од семенки од грозје и восокот. Кога ќе се стопи таа смеса, се трга од огнот и се додават сите други етерични улја, се меша  добро и се става во кутивче. Ако сакате потврд лек, ќе ставите уште една лажица восок. Сите овие работи што се потребни за мелемот, ќе ги најдете во билните аптеки. Од мелемот се трла по слепоочниците, задниот дел на вратот и челото.

 

Advertisement