Практични совети за прва помош

bilki11Сонот ќе го подобрат две до три капки масло од мандарина или од лаванда, ставени во чај. Поголемо количество може да предизвика поспаност во текот на денот.

Варењето на храната ќе биде забрзано со една до две капки масло од мандарина во лажичка мед.

Болката во раничките и околу исечените места ќе биде помала, ако повредената околина се намачка со две капки од чајно дрво.

Каснувањето од комарци, опекотините од сонце, црвенилото на кожата, се ублажуваат со една до две капки лаванда, со исто количество масло од кората на чајното дрво.

По шок ќе се повратите од таквата состојба, со една капка луто нане на коцка шеќер.

Миризбата од устата и афтите се отстрануваат со мешавина од три капки луто нане, лаванда, лимон, чајно дрво и една капка мајчина душичка во 50 мл вода . Мешавината треба добро да се промеша, со неа да се измие устата и да се плукне.

Затнатиот нос ќе се ослободи од секретот со помош на една капка масло од еукалиптус, со која е натопено марамче, преку кое повремено ќе вдишувате во текот на денот. Истата доза треба да се капне и на перницата.

Advertisement