Подбелот – пријател на белите дробови!

podbel

Подбелот е повеќегодишно тревно растение. Стеблата се едногодишни, се појавуваат рано напролет. Високи се до 20 см, неразгранети, носат по едно соцветие. Покриени се со розово- виолетови лушпи и влакненца, слично на пајажина.  Цвета во феврури – април, плод раѓа во април – мај. Листовите се берат во лето, по убаво и сончево време на чисти места и тоа почнувајќи од месец јуни, јули и август па дури до доцна есен.

Латинското име на подбелот Тussilago  покажува дека подбелот се користи за сува кашлица. Тој е пријател на белите дробови.  Ги стимулира, ја зајакнува нивната функција, делува антитусично односно ја смирува кашлицата. Има антибактериска активност, докажано е дека екстрат од ова растение делува на стафилококи, стрептококи, протиус, бактерии кои многу често предизвикуваат инфекции на градите.

Во стариот Рим подбелот бил составен дел на подвижните аптеки на римските легии и се користел против магарешка кашлица. Тој денес се користи за лекување на хроничен бронхитис, енфизем, воспалени крајници, бронхијална астма, намалува оток, намалува болка и воспаление. Тој е многу добар лек и за стомачни заболувања.  И тоа гастритис, чир на желудникот, чир на дванаесетпалачното црево, ерозија на хранопроводот, катар на тенкото црево и колитис на дебелото црево. Локално, лекови од подбел се користат за лекување на рани, чиреви, опекотини и тоа во форма на облози или за испирање или обложување само со столчени листови.
Од подбелот може да се направат многу лекови. Еден од нив е чајот.

Чај

1 супена лажица суви цветови и листови се ставаат во чаша врела вода, кисне 1 час, промешувајќи неколкупати и се пие 4 пати дневно по една чаша и тоа во мали голтки, а почесто за лекување на сува кашлица.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ

Бремените жени не треба да го користат долго.

Advertisement