Одличен коктел за детоксикација

маргарита

Доколку сакате во наредниот период да го прочистите вашиот организам од токсини, да го забрзате метаболизамот и да го подобрите имунитетот, пробајте го овој зелен коктел.

Станува збор за зелен коктел “Bloody Mary” кој можете да го направите со или без алкохол, во зависност од вкусот.

Потребно:

  • 4 зелени домати
  • 2 кисели краставички
  • чешне лук
  • прстофат мелено чили

Алкохол- 0.5 дл. водка, исцеден лимон, сол и бибер по вкус.

На послужавник, истурете сол и бибер. Намачкајте ја ивицата на чаша сок со лимон, а потоа натопете ја чашата во зачините, така што лимонот ќе ги залепи зачините на врвот од чашата. Другите состојки ставете ги во блендер и мешајте, се додека не добиете изедначена смеса. Чашата наполнете ја со мраз и истурете ја добиената смеса. Сето тоа украсете го со кисела краставичка.

 

Advertisement