Намирници кои ги поправаат хормоналните пореметувања

zelencuk so zelena boja

1. Брокула
Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае на хормоналните проблеми. Една од тие намирници е и брокулата. Таа содржи фитохемикалии di-indolil metan кои организмот го чистат од отровен облик на естроген. Тој облик на естроген го има во преработената храна и пестицидите, а со внесување во организмот настануваат хормонални пореметувања, кои делуваат на промена на расположението, депресијата и неконтролираното дебелеење.


2.Лосос
Богат е со аминокиселини и Омега- 3 масни киселини кои ги држат во рамнотежа хормоните и ја задоволуваат дневната потреба од протеини. Протеините се важни бидејќи делуваат на хормоните и на работата на мозокот. Со јадење на лосос, организмот добива доволни количини на нитрати, со што се намалува желбата за шеќер, го снижува хормонот на стрес и го потикнува правилното производство на естроген и тастостерон.

3.Шумско овошје
Исто како и брокулата, шумското овошје помага на телото да го отклони отровниот естроген, кој делува на расположението и тежината. Тоа ја потикнува пробавата и ја зајакнува јетрата. Има низок ниво на шеќер, што го прави здрав додаток на исхраната.

4.Бадеми
Богати се со магнезиум, витамин Б6, калиум и калциум. Тие го регулираат метаболизмот и расположението. Се препорачува да се јадат по 20 бадеми дневно.

5.Зеленчук со зелена боја
Кељот, зелената салата, блитвата делуваат слично на хормоните како шумското овошје и брокулата. Тие телото го чистат од отровниот естроген, што се внесува преку преработената храна и пестицидите.Со јадењето на зелениот зеленчук, кое е богато со витамини и минерали, се намалува нивото на кортизол и се  зајакнува крвната слика.

6.Кисела зелка
Ја чисти јетрата и телото од отовниот естроген. Ова е зеленчук богат со пробиотици кои делуваат на хормоните, го поправаат расположението и го регулираат пробавниот систем.
Advertisement