Младите да заборават на алкохолот и дрогата. Тоа е зло!

Популарниот поп- рок пејач Бени Шаќири е еден од најмоќните машки вокали во земјава. Тој е дел од дуото „Нон стоп“. Шаќири е вистински мајстор за рок музика, па редовно ги полни дискотеките. Тој во последниот период е познат по песната „Си беше еднаш“, која ја направија во соработка со музичарот Златко Ориѓански. Но, тука не завршува нивната соработка. Доста актуелна е и нивната втора песна „Генерале“, за која музиката и текстот ги направи Златко, а ја отпеа Бени.

Тој своето слободно време го поминува во друштво, со забава и игра со своите две дечиња Мик и Бен. Со него разговаравме на тема како се грижи за своето здравје, што најчесто јаде, дали спортува и дали држи диети.

10637866_10152608309760255_237177634_n1. Може ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје?

Шаќири: Ништо посебно … Освен она што е општо познато … редовен сон, навечер по можност осум саати спиење. правилна исхрана и секако денот да помине без нервози.

2. Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Шаќири: Најмногу сакам зелени салати, ориз и тестенини. А, не смеам да ги изоставам и морските плодови.

3. На кој начин ја одржувате вашата линија?

Шаќири: Морам да кажам дека сум редовен на кеј, речиси секојдневно. Понекогаш возам точак и оваа година послабо одам на Водно. Во секој случај, физичката активност е неизоставна.

4. Дали вежбате и што најчесто?

Шаќири: Вежбам само рекреативно. Инаку, немам време толку да се посветам конкретно на некој специфичен спорт!

5. Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Шаќири:  Диетите можеби и ќе придонесат за намалување на телесната тежина, но се поставува прашањето, колку се здрави и добри за организмот …. Поготово, ако се неправилни се исцрпувачки.

6. Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?

Шаќири: Исклучиво да јадат здрава и зелена храна, многу спорт, па макар и рекреативно. И никако дрога и алкохол. ТОА Е ЗЛО!!!

7. Од што се состои еден ваш дневен оброк?10681691_10152608309375255_50424606_n

Шаќири: Мора да има многу зелена салата и можеби рижото со морски плодови. Но обавезно мора да има МНООООГУ салата бидејќи не само што е здрава, туку и ја обожавам.

8. Како се грижите за здравјето на вашите деца? Дали и тие ги следат чекорите на својот татко?

Шаќири: За здравјето на моите деца  и за нивната правилна исхрана се грижи мојата сопруга, која максимално се труди тоа да биде домашно зготвено и да има органско потекло. Сето тоа да биде без глутен и сите оние додатоци на исхраната, кои се вештачки и штетни, поготово за децата додека се во развиток. Инаку, поголемиот син е љубител на зеленчук, а помалиот е се уште на мајчиното млеко.

Advertisement