Маст од чувар куќа

Чувар куќа (Semperivivum tectorum) е трајна зељаста билка, со висина од 10 до 50 см. Листовите се густо наредени како ружа, зелени, месести и многу сочни, малку издолжени. Од средината излегува цветно стебло со светло црвена боја. Вирее на карпи, зидови, покриви на куќи или пак се одгледува во саксии и дворови. За неа велат дека кој ја нема во куќата, не е домаќин. Од неа се прават и многу корисни природни рецепти. Денес ќе ви напишаме еден корисен рецепт.

Потребно ви е :

Една шака ситно исецкани листови од оваа билка и 200 гр маст

Маста се мие во девет води и откако ќе се измие се мешаат состојките. Ќе ја ставите оваа смеса на тивка температура и без бркање, откако ќе се стопи маста, ќе ја тргнете смесата настрана и ќе оставите да отстои 12 часа. После тоа, оваа смеса повторно малку ќе ја загреете, ќе процедите и ќе ја соберете во стаклен сад. Маста се чува во фрижидер.  

Оваа маст е лековита за рани кои настанале од удар, загноени рани кои долго време неможат да зараснат, отоци и против сончеви пеги и флеки на кожата, против убоди од инсекти и фистули.

 

Advertisement