Марулата – растение на убавината

marula

Зелената салата или кај нас попозната како марула,  е едногодишно растение кое најчесто  расте како лиснат зеленчук. Кај нас таа се јаде ладна и свежа , во салати, сендвичи и други јадења, додека во некои земји, како да речеме во Кина, зелената салата се јаде зготвена, а дршката има подеднаква важност како листот. Зелената салата првично има стебленце , но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние како кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да можеме да ја јадеме, зелената салата се бере пред да прецвета. Таа доста често е  на нашите трпези скоро преку целата година.

Марулата е пријател на целото тело, затоа што таа во себе ги содржи сите витамини и минерали кои се потребни на еден организам. Таа ги штити и чува нервите, го одржува имунитетот на телото, па во сезона на грип без неа не смееме ни да замислиме да ја нема на нашата трпеза. Марулата е природен диуретик, го штити срцето и крвните садови и ја подобрува функцијата на бубрезите. По некои луѓе ја нарекуваат и растение на убавината ,затоа што ја храни кожата и спречува појава на брчки. Исто така, помага и на оние кои имаат проблеми со цревата односно запек. Кажете, кој може да рече дека   едно толку мало растение може да биде толку корисно?

Advertisement