Често пати слушаме за различни мешавини на билки, масла, екстракти кои помогнале некои луѓе да се излечат од некоја болест или помогнале да се намалат тегобите…

Денеска ќе ви напишаме еден лек, кој го приготвуваат многу луѓе и кои велат дека е многу добар лек.

Лек за кашлица од бозел
(за пушачи и против бронхит)

– 40 китки расцветан бозел
– 5 литри вода
– 5 кесички лимонтус

Се ставаат цветовите бозел во длабок сад, се додава водата и лимонтусот и се остава 24 часа да отстои. Следниот ден се процедува и на 1 литар течност се додава 1 кг. шеќер. Се проврива 10 минути и се додава 2 лимонтуса. Оладено се собира во стаклени шишиња и добро се затвара. Се пие на гладно, насабајле по 100 мл.

Овој лек може да се пие и како сок за растварање, многу е вкусен.

Advertisement