Квас од цвекло за чистење на јетрата и другите отрови во организмот

kvas od cveklo10

Оваа метода ја применуваат лекари во некои болници во Русија, бидејќи има покажано одлични резултати не само за чистење на јетрата, туку и за целиот организам. Таа е одлично средство против хипертензијата и атеросклерозата. Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека конзумирањето на квас од цвекло, спречува малигни заболувања, ја чисти јетрата, го чисти  организмот од токсини и други отпади во цревата, а исто така го средува крвниот притисок на подолг рок.

Рецепт

За спремање на квасот од цвекло потребно е: стаклена тегла од 3 литара, 700 гр цвекло, 2 лажици брашно, 200 гр шеќер и 100 гр суво грозје.

Цвеклото се сече на коцки, се става во теглата и врз него се ставаат сите други намирници што се горе наброени. Затворете го садот и оставете да ферментира 6-7 дена на топло место. Во текот на денот гледајте по двапати да ја промучкате смесата и ако има потреба , да ја тргнете пената одозгора. После седмиот ден, смесата процедете ја и ќе добиете квас од цвекло. Конзумирајте 3-4 супени лажици 3 пати дневно пред јадење. Квасот чувајте го во фрижидер. Откако ќе го испиете, се завршува првото чистење на јетрата. Направете пауза од 3 месеци и доколку има потреба , повторете го третманот. Овој лек перфектно ги чисти и песокот и каменчињата од бубрезите. 

Овој напиток има и контраиндикации: Тој не се препорачува на луѓе кои имаат болни бубрези, проблеми со желудникот и гихт. Во овој случај ви е потребна консултација со лекар. Мораат да бидат внимателни и луѓето кои имаат хронично низок протисок.

 

 

 

 

 

Advertisement