Краставицата,најдобриот чистач на организмот

krastavica10

Краставиците се најзастапен зеленчук во светот, тие се една од најдобрите намирници за целокупното здравје.

Го хидрираат телото

Ако немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици, бидејќи тие содржат 90 % вода.

Ладење на телото-  внатрешно и надворешно

Вистински избор се за топлите денови, бидејќи го разладуваат телото одвнатре и однадвор. Ако имате изгореници на болното место ставете парчиња ладна краставица.

Ги елиминираат токсините

Водата од краставиците дејствува како чистач на телото, а ако редовно ги јадете ќе ви помогнат да се ослободите од камењата во бубрезите.

Дневна доза витамини

Краставиците содржат доволно витамини. Го зајакнуваат имунолошкиот систем и го снабдуваат со енергија. Не ја отстранувајте кората од краставиците, бидејќи е полна со витамин Ц и ќе ги задоволи 12 отсто од дневните потреби за овој витамин.

Одличен за кожата

Краставицата е богата со калиум, магнезиум и силициум. Затоа бањите нудат различни третмани во кои се вклучени краставиците, каде имаат голема улога.

За варење и слабеење

Поради високиот процент на вода и малкуте калории е супер намирница за оние кои имаат проблеми со варењето на храната и прекумерна тежина. Нека краставиците станат составен дел од вашиот оброк.

Го регулира крвниот притисок

Краставиците содржат многу растителни влакна, калиум и магнезиум, кои ефикасно го регулираат крвниот притисок. Затоа, краставицата е добра за регулирање на високиот и нискиот притисок.

 

 

 

Read more: http://turlitava.com/eve-zoshto-sekojdnevno-treba-da-jademe-krastavitsi/#ixzz34jVuD900

Advertisement