Костенот и неговите благодети!

kosteni19

Kостенот не е толку калоричен како останатото овошје, а претставува нутритивно вреден оброк кој заситува. Ако се грижите за телесната тежина есента е вистинско време да ги искористите сите благодети на костенот. 100 грама костени содржат околу 200 калории, а со порција варени или печени костени, дури и со костен-пире, може да замените еден оброк. Предноста на костенот е што е сиромашен со масти, а поради големото количество на скроб составот на костенот е сличен на составот на житарките.

Костенот содржи и протеини, витамини, минерални соли, па претставува здрава намирница во нутритивна смисла, затоа и се препорачува како намирница која треба да се вклучи во секоја здрава диета. Дополнително, костенот ги надополнува истрошените енергетски залихи во телото и дава сила и цврстина на мускулите, го подобрува имунитетот и делотворен е во борбата против анемија. Живиот костен не содржи холестерол, има многу малку маснотии и не содржи глутен.

Јагленохидратите кои ги содржи костенот може сосема да се изедначат со јагленохидратите во пченицата и оризот. Костените имаат два пати повеќе скроб од компирот. Костените се единствените јаткасти плодови кои содржат витамн Ц, и тоа околу 40 мг. во 100 гр. живи костени.Костенот може да се јаде печен или варен. Сварениот костен има речиси ист вкус како и сварениот компир. Исто така, костените може да се сушат и потоа да се сомелат во брашно, кое потоа може да се употребува за правење леб, палачинки, тестенини и сл. Ова брашно е основната состојка со која се подготвува оригинална палента.

Advertisement