Кој вид да го јадете, полн е со здравје!

kromid11

Станува збор за кромидот. Тој е вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, потоа со калиум , калциум и фосфор.  Тој помага во намалување на зголемениот холестерол, зголемениот  крвен притисок, за одржување на здравјето на  срцето и крвните садови, и доста е полезен  за дијабетичарите. Има повеќе врсти на кромид, а ваше е да изберете кој ви е највкусен:

Жолтиот кромид:

Тој преставува најлутиот преставник и тој може да се чува најдолго. Содржи најмногу кверцетин, моќен антиоксидант со докажано антивоспалително, антиалергенско и антиканцерогено дејство.

Вилетовиот кромид

Тој е познат по тоа што е најблаг од сите видови на кромид. Исклучително богат со кверцетин, исто така содржи и лековити антицијанини, состојки кои ја спречуваат појавата на разни срцеви и васкуларни заболувања, како и на ракот.

Белиот кромид

Има релативно благ вкус и содржи умерени количини на кверцетин.

Младиот кромид

Тој расте во потоплите краеви. Поради тоа што останува подолг период внатре во земјата , губи многу од лековитите својства кои ги содржи, како што се оние состојки кои се богати со сулфур, па поради тоа не предизвикува солзење во очите. Содржи многу шеќер и има благ, сладок вкус.

Advertisement