Името калинка на латински значи јаболко полно со семки, што и не зачудува бидејќи во поголем број јазици во името на овој плод се содржи и зборот јаболко. Илјадници години се смета симбол на плодноста и љубовта, а за неа се зборува и во Библијата.
Овој модро-црвен плод прв пат го откриле жителите на Иран и Индија. Оттаму, неговото одгледување се проширило во целиот суптропски појас. Станува збор за листо-падна грмушка, со висина од 5 до 8 метри, која дава навистина вкусен плод.
Калинката го подобрува расположението. Затоа на вашата маса секогаш треба да има калинки, кои личат на црвени крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост.
Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.
Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања и дијабетичари. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Срцевината на округлиот плод е вистинска ризница на малечки, сочни, вкусни и црвеникави ќесиња, во чија внатрешност има семки. Тие се оној дел од плодот, кој се јаде.
Плодот има исклучително ниски вредности на заситени масти, холестерол и натриум од една страна и висок процент на растителни масла од друга страна.
Од витамините се истакнуваат големите количини на фолна киселина, витамин Ц и витамин К. Од минералите како најзастапени ќе ги спомнеме железото, калциумот, бакарот, калиумот и фосфорот.
Калинката се вбројува меѓу т.н. супер храна!
Бројни исстражувања покажуваат дека таа има повисоки нивоа на антиоксиданси од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај. Антиоксидансите го неутрализираат штетниот ефект на слободните радикали врз клетките и со тоа го забавуваат процесот на стареењето и процесите на настанување на разни болести.