Како да го прочистите црниот дроб на природен начин?

Црниот дроб е мерач на вашето здравје и помага да се исчисти телото од секакви токсини. Многумина го третираат  погрешно, односно со најразлични диети. Но ако редовно го малтретираме на таков начин, тоа е многу лошо за нашето здравје.

Затоа, ефектот на прочистување на организмот може да се постигне на друг начин.
Црниот дроб не одржува во живот, прима 1.5 литри крв во минута. Одговорен е за чистење на крвта од штетните материи, го разложува хемоглобинот, го зајакнува организмот и сл. Еве кои намирници и како да ги направите, за да го прочистите црниот дроб на природен начин.

1. Измијте 10 кг роквица, само немојте да ја лупите. Од неа направете сок и би требало да добиете 3 литара течност. Треба да  пиете по една лажица сок , еден час пред да јадете. Дозата постепено ја зголемувајте, додека не дојдете до половина чаша пред јадење и потоа задржете се на таа доза.

2. Земете три цвекла и не ги лупете. Исечете ги на парчиња и ставете во тегла од 3 литра. Додајте 3 лажици пченично брашно и 500 грама шеќер. Теглата ставете ја на темно место и држете ја два дена на собна температура.  Потоа додајте 700 грама суво грозје, 4 шолји шеќер и пола шолја вода, и оставете ја смесата да стои уште седум дена. Секој ден промешувајте. После седмиот ден, смесата процедете ја и земајте по една лажица сок 3 пати дневно пола саат пред јадење. Кога ќе го испиете сокот, немојте веднаш да правите друг, туку направете пауза од 3 месеци.

Advertisement