Кајсијата го намалува ризикот од рак на желудникот

kajsija

Кајсијата е традиционално овошје на нашиве простори.Таа е мало дрво, високо 8-12 метри , со стебло до 40 см во дијаметар и густа широка крошна. Листовите му се овални, 5-9 см долги и 4-8 см широки, со заоблена основа, истакнати на врвот и ситно назабени по страните. Цветовите се 2-4,5 см во дијаметар, со пет бели до розеникави латици. Цветаат одделно или во парови, во рана пролет, пред лисјата. Плодот е налик на ситна праска, 1,5-2,5 см во дијаметар (па и поголем кај некои одгледувачи), со жолто-портокалова боја, црвеникави на страните, бидејки таму  се најмногу изложени на сонце; површината им е мазна, со ситни, кадифени влакненца. Има 1 семка затворена во тврда лушпа.

Кајсијата е добар извор на бета-каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Научниците утврдиле дека кајсијата содржи и големи количини ликопен – антиоксиданс, кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести. Ликопенот, кој го има во кајсијата, е многу ефикасен во борбата против слободните радикали, кои штетно влијаат врз здравјето на човекот.Тој има важна улога во зајакнувањето на имуниот систем, а поволно делува и на работата на срцето. Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.Кајсиите содржат големо количество на витамин А, кој помага во подобрување на видот и се одличен извор на растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната.

Кајсиите се посебно делотворни во подобрување на работата на мозокот и при лекување на слабокрвноста, поради богатството на фолна киселина, кобалт и бакар. Маслото од кајсија одамна се користи како  природен лек против ракот и чирот на желудникот.Кајсијата се јаде свежа, но од неа се приготвуваат и вкусни џемови, компоти, сок и ракија. Позната е приказната со францускиот писател Bernard Fontenellе. Кога тој имал близу 100 години, еден негов пријател го замолил да му ја открие тајната на неисцрпната свежина и младост. Тој одговорил дека неговата тајна се крие во кајсијата. Исто така , сувата кајсија е полна со витамини и никогаш не пропуштајте да ја имате на вашата трпеза, дали свежа или во сува форма, не е важно.

Advertisement