Јадете почесто праски!

praska10


Праските изобилуваат со бета каротенот кој се наоѓа во нивниот состав. Овие пигменти во организмот се претвараат во ретинол (витамин А) кој го чува и подобрува вашиот вид.
Во последно време се повеќе се спроведуваат истражувања на тема како овие пигменти влијаат при заштитата од штетните сончеви зраци, а се препорачуваат и како терапија за лицата осетливи на сончеви зраци.
Праските содржат витамин Ц, моќен антиоксиданс и есенцијален витамин за здравата кожа.
Овој витамин учествува во производството на колаген. Колку повеќе витамин Ц, токлу помалку брчки, а голема количина на витамин Ц можете да добиете само од една праска.
Детоксикацијата со чај од праска се смета за еден од најефикасните начини во источната култура. Но, и количината на растителни влакна во нив не е за потценување. На овој начин се спречуваат проблемите со дигестивниот систем.
Калиумот кој исто така се наоѓа во праската, овозможува одржување на електролитен баланс во телото и правилна контракција на мускулите.
Новите истражувања покажаа дека полифенолот од праските може да го забави размножувањето на клетките со рак, како и метастатските депозити.
Внесувајте го ова овошје секојдневно, тоа значително го подобрува вашето здрваје и го чува вашето тело.

Advertisement