Јадете ги во големи количини

sina sliva

Сините  сливи се богати  со јагленохидрати, имаат ниско ниво на маснотии, полни се со витамин Ц, А и Е, калциум, магнезиум, растителни влакна и калиум. Тие го штитат срцето, помагаат за добра пробава, го намалуваат шеќерот во крвта, помагаат при болка во коските, го подобруваат помтењето и помагаат на очите. Ова сино овошје треба да се користи во големи количини.

Растението најдобро може да се опише како мало дрво или голема грмушка. Се одгледува на многу места во Европа, САД, Кина и Јапонија. Различните сорти кои се одгледуваат насекаде низ светот варираат значително според бојата, големината и карактеристиките на растење. Вообичаено, секоја слива раѓа огромен број плодови, речиси еднакви според големината, во периодот помеѓу мај и септември.

Секој плод има големина колку средно голем домат, со дијаметар од 5 до 6 сантиметри и тежина од приближно 70 грама. Има вдлабнатина во средината, од страна на дршката. Внатре, пулпата е сочна и според сортата, варира во бојата од: кремасто жолта, црвена, светло сина, па сè до свело зелена. Во средината има една, мазна и тврда семка. Семките не се јадат.

Сливата има благо-киселкаста пулпа со пријатна арома. Најпознатите сорти на сливата се: црвена слива, модра слива и црна слива.

Advertisement