‘Фстаци за здрави црева

fstciСо редовно грицкање на јаткастото овошје,‘фстаци, може да се влијае на составот на бактериите во дигестивниот тракт, утврдиле американски научници истражувајќи го делото на овие здрави грицки.

‘Фстцаите ги имаат карактеристиките на пробиотици, односно содржат несварливи прехранбени влакна, кои во цревата преставуваат храна, корисна за бактериите. Овие грицки содржат и фитохемикалии кои покажуваат способност за модифицирање на составот на бактериите во цревата. Храната со карактеристики на пробиотици, потикнува пораст на добри и корисни бактерии во системот на варење.

Новото истражување покажало дека лицата кои секојдневно консумираат околу две шолји ‘фстаци имаат зголемен удел на цревни бактерии кои произведуваат бутират, кој е многу важен извор на епителни клетки на цревата, а игра важна улога во одржување на здрав дигестивен тракт.

49 зрна имаат 160 калории и три грама прехранбени влакна, што преставува 12 отсто од препорачаните дневни вредности. ‘Фстаците, меѓу останатото преставуваат одличен извор на витамин Б6, бакар и манган, како и фосфор и тиамин.

Advertisement