Еликсир за совршена крвна слика

За крвната слика не е важен само бројот на црвени, крвни зрнца, туку и нивото на хемоглобин.

Доколку нивото на хемоглобинот е на ниско ниво, ќе дојде до намален пренос на киселини, а тоа на крајот ќе доведе до анемија. Народната медицина нуди голем број на различни, природни и ефикасни рецепти со кои се постигнува зголемување на хемоглобинот во крвта.

За постигнување на овој резултат потребно е да се сконцентрирате на оние рецепти кои содржат состојки богати со витамини. Во продолжение ви нудиме ексклузивен рецепт за подготовка на природен еликсир кој брзо го зголемува бројот на еритроцити и позитивно делува на целата крвна слика.

Никако не ја одложувајте подготовката на овој природен лек. Со сигурност ќе ви се допадне неговиот вкус, а секако и неизоставниот позитивен ефект по вашето здравје.

Состојки

  • 200 мл мед
  • 200 г ореви
  • 200 г суво грозје
  • 200 мл од морков
  • 200 мл сок од цвекло
  • 2 лимони

Подготовка

1. Измијте ги лимоните, пресечете ги на половина и отстранете ги семките. Измелете ги заедно со кората и ставете ги во стаклена тегла од еден литар.
2. Потоа, додадете го медот, сокот од цвекло и морков и сето тоа добро измешајте го. Додадете ги мелените ореви и сувото грозје и повторно добро промешајте.

Од овие состојки ќе добиете 1 килограм вкусна и здрава смеса. Подготвениот еликсир чувајте го во тегла во фрижидер. Земајте по една лажица, од еликсирот, пред секој оброк најмалку три пати на ден.

Уште една од добрите страни на овој лек е што нема несакани ефекти. Со редовно консумирање ќе бидете полни со енергија. По двонеделно користење, проверете ја својата крвна слика.

Сигурно ќе бидете позитивно изненадени.

Advertisement