Денеска ќе ви напишаме неколку причини, зошто на вашата трпеза почесто треба да е застапена марулата?

1. Има малку калории и маснотии.

2. Помага за слабеење. Зелената салата содржи доста растителни влакна и од неа се подобрува варењето. Исто така, влакната помагаат за исфрлање на солта од телото.

3. За здраво срце. Витаминот Ц и бета- каротенот што го има во зелената салата, заедно ја спречуваат оксидацијата на холестеролот.

4. Содржи омега – 3 масни киселини.

5. Богата е со протеини.

6. Овозможува мирен сон. Зелената салата содржи соединение лактукариум, со слични својства како опиумот, но без штетните ефекти.

7. Го одржува нивото на киселост во организмот. Минералите во зелената салата ги отклонуваат токсините во организмот и го одржуваат оптималниот баланс на киселост. Ова е многу значајно, зошто киселоста во организмот дава на телото енергија, помага за мирен сон и доста поволно влијае на кожата.

8. Има низок гликемиски индекс. Од тие причини, корисно е да ја конзумираат дијабетичарите.

9. Најчесто се јаде свежа и поради тоа во организмот внесуваме многу лековити материи.

Advertisement