Да јадеме кајсии!

kajsii10
Големото количество на бета-каротин и ликопен ги прават кајсиите многу лековито овошје. Имено, и едниот и другиот го заштитуваат LDL холестеролот од оксидација, што може да помогне во спречување на болестите на срцето. Содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот. Токму слободните радикали може да ја оштетат очната леќа. 

Кајсиите се и одличен извор на влакна, кои делуваат делотворно на системот за варење. Секоја здрава диета мора да го балансира внесувањето на влакна, а кајсијата може одлично да ја одигра таа улога. Кајсиите се особено делотворни во подобрување на работата на мозокот и при третирање на анемијата поради богатството со фолна киселина, кобалт и бакар. Маслото од кајсија одамна се користи во борба против карциномот и улкусот, како и во козметката за омекнување на кожата. 

Единствено, бремените жени не би требале да консумираат големо количество кајсии, поради високата концентрација на бакар во нив. 

Кога ќе купувате кајсии, треба да бидат со изразена боја и меко ткиво. Избегнувајте зеленкасти кајсии, затоа што никогаш нема да дозреат. Се чуваат два дена на собна температура, па се до 5 дена во фрижидер. 

Advertisement