Чај од липа помага при лекување на изгореници

цај од липа
Липата е лек за многу болести. Ароматичниот пијалок од цветот на липа е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и при зголемена температура.

Многу жени ја употребуваат липата за време на менопаузата за да ја намалат нервозата и проблемите со сонот. Чај од липа можат да пијат и деца. Вкусот подобрете го со лажица мед.

Цветовите од липата  се користат за лечење на настинки и респираторни нарушувања. Стимулира пот и урина. Како чај се користи најчесто , при потење, грчеви и против смирување болка .

Се користи против настинки, кашлица и хронична дијареа, како и за лекување изгореници и рани. Чајот од липа се препорачува во третман на  хронична кашлица, болка при мокрењето, замор и нервна напнатост. Исто така ја ја чисти крвта. Со оглед на тоа што чајот од липа има е благ седативен ефект, често се препорачува и при нервоза, стрес и несоница. Чајот од липа може да се користи и за правење на облоги, при иритација или алергиски воспаленија на кожата.

Advertisement