Брчките на лицето се индикатор за здравствената состојба

brckinaliceto

Брчките зависат не само од возраста на луѓето,туку  и од типот на нивната кожа. Кај луѓето со подебела и мрсна кожа тие се појавуваат подоцна, бидејќи овој тип на кожа ја задржува еластичноста за подолго време. Локацијата и длабочината на брчките е индикатор и за некои болести.

Брчките помеѓу веѓите се знак за проблеми со стомакот. Вертикалните набори во десната страна на лицето сигнализираат за нарушена функција на црниот дроб, а оние во левата страна-за проблеми со слезината.

Попречните брчките се знак за губење на еластичноста и подвижноста на дисковите помеѓу пршлените и врските помеѓу нив. Длабоките симетрични набори пак се показател за прекршоци во стомачната област. Вертикалните тенки брчки над горната усна, кои обично се појавуваат кај жените покажуваат за  гинеколошки проблеми. Брчките, кои се спуштаат од аглите на усните надолу, се знак за гастритис и проблеми со панкреасот. Наборите на образите и брадата се знак за проблеми во црниот дроб и мала карлица.

Брчките се само потенцијални сигнали за одредени болести. Тие не се причина за паника, дека човек страда од одредено заболување. Но, никогаш не е излишна консултација со лекар.

Advertisement