Боровинките се полни здравје!

borovnica

Боровинката е многу вкусно и лековито овошје. Таа содржи малку калории, но е права ризница на здрави и лековити состојки. Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини.

Благодетите од ова овошје се бројни, а секојдневно се откриваат нови, дополнителни корисни влијанија врз организмот од конзумирањето боровинки. Помеѓу најзначајните се позитивниот ефект врз намалувањето на телесната тежина и одржувањето на здравјето на срцето.

Боровинките особено им се препорачуваат на луѓето што се соочуваат со потешкотии при намалувањето на масните наслаги на стомакот, оние што се соочуваат со покачени нивоа на холестерол, како и на пациентите што имаат проблем со регулацијата на нивото на шеќер во крвта.
Позитивните дејства на боровинките се најсилни доколку овошјето се конзумира во комбинација со нискокалорична исхрана. Масните наслаги што се напластуваат на стомакот значително ја зголемуваат опасноста од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.
Истражувањата докажале дека дивите боровинки помагаат и во третманот на шеќерната болест. Тие имаат моќни антидијабетични својства.
Ова овошје има позитивно влијаат и врз видот и меморијата. Серија претходни нутриционистички студии укажуваат на тоа дека боровинките го хранат мозокот и помагаат во одржувањето на умствените способности кај постарите луѓе. Дополнително, боровинките го одржуваат здравјето на очите и го подобруваат ноќниот вид кај оние што страдаат од кокошкино слепило.
Advertisement