Билките и нивната корист

bilki10
Сите ние ја знаеме користа од нив. Реално, од билки неможе ништо да ви се случи, единствено што треба да припазите е да не сте алергични на нив. Нормално, секогаш ви потенцираме дека било што да користите, ако не сте сигурни во тоа, консултирајте се со лекар, бидејќи билките секогаш треба да бидат придружна терапија за било која болест.  Еве неколку рецепти кои можат да ви помогнат:

За бронхит.
– 1 литар вода
– 50 гр тегавец
– 20 гр коприва
– 5 ореви(оревите откако кје се скршат се ставаат со се лушпа).
Сите заедно се варат 30 минути. Потоа се процедува, се става 500 гр мед и 200 гр шекер, повторно се става на оган и се преврива. Ова се пие 3 пати на ден по една супена лажица пред јадење.

За плодност
40 смокви(суви) се ставаат во пола литро ладно цедено масло и стои 40 дена. После 40 дена секое сабајле се јаде по една смоква, ако можете, може  да се  пие и од маслото.

Вртоглавица
1 лажичка босилок, 1 мала лажичка рузмарин се попарува со 250 мл вриена вода и стои 20 до 30 минути. Се пие 2-3 пати дневно.

Циркулација
1 лажичка босилок, 1 лажичка рузмарин и 1 лажичка глог се прелива со 250 мл вода и стои 15 минути.

За сува и оштетена коса
Коприва, 1 жолчка од јајце и 1 мајонез се става на косата и стои 30 минути.

За лице
Коприва, лимон и мед. Се мачка лицето и стои 10 до 15 мин. Потоа се измива со вода.

Advertisement