Бананата помага против пијанство

download (9)Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.

banana-dietaИспасираната банана, но и самата внатрешност на лушпата, можат да делуваат како природен антибиотик, а се борат и со воспаленијата. За да ги искористите бананите во борбата против акните, навечер, откако ќе ја исчистите кожата на лицето, нежно протријте ги акните со внатрешноста на лушпа од банана. Измијте го лицето со млака вода следното утро.

За време на пијанство луѓето уринираат повеќе од обично и губат многу течности и калиум, а бананата е богата со калиум. Ова овошје го одржува и балансот на електролити во телото, кој може да се наруши поради повраќање и често мокрење.

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија.

 

Advertisement